Централната банка во Шведска размислува за издавање на дигитални валути

Централната банка во Шведска размислува за издавање на дигитални валути

Подготвил: Светлана Петковска

Централната банка на Шведска размислува во рок од две години да почне да издава дигитална валута „е круна" со оглед на падот на готовинските плаќања во земјата, соопштиле официјалните лица

Од најстарата централна банка во светот сé уште не донесле конечна одлука, бидејќи пред тоа треба да се решат одредени правни и технички прашања.


Шведска


„Иако издавањето на е-круна можеби на прв поглед се чини едноставно, за сите централни банки ќе биде нешто сосема ново, бидејќи ниедна досега не го направила тоа“- објаснила Сесилија Скингсли, заменик гувернерката на шведската Централна Банка.

Шведска не е единствената земја во која се разгледува ваквиот потег, истакнала заменик-гувернерката, додавајќи дека на оваа тема се дискутира и во Централната Банка на Англија и во Канадската Централна Банка.

Еквадор уште од минатата година им овозможи на своите граѓани да плаќаат мали износи со „електронски пари" преку мобилен телефон. Станува збор за виртуелна валута, која е под директна контрола на Централната Банка, во паритет со американскиот долар и е наменета првенствено за половина од населението без банкарска сметка.

„Реткото користење на готовина во Шведска значи дека за нас ова прашање е поакутно во споредба со повеќето други централни банки. „Riksbank“ ќе продолжи да издава банкноти и монетите се додека општеството има побарувачка за нив", рекла Скингсли.

Според Централната Банка, во Шведска, како и во изминатите пет години, трансакциите за повлекување готовина се намали приближно за една третина, а околу 97 отсто од населението користи банкарски картички. Употребата на готовина е намалена, а плаќањата со картички порасна за 50 отсто, покажуваат статистичките податоци.