Наградна игра на ТЕЛЕКОМ: Дополни и добиј!

Наградна игра на ТЕЛЕКОМ: Дополни и добиј!



Дополни ваучер и играј за смартфон секој ден и за главна награда Volkswagen Up! автомобил

Со новата припејд наградна игра на Телеком до нов автомобил! Дополнувај и играј за Volkswagen Up! или една од дневните награди - смартфон Huawei P9 Lite.

Едноставни правила на играта:
Дополни припејд ваучер со кој билo износ;
Со секое ново надополнување, нова можност за Huawei P9 Lite;
Со надополнети најмалку 600 денари за времетраењето на наградната игра, учествуваш во извлекувањето за главната награда Volkswagen Up!
Колку повеќе дополнуваш, толку повеќе можности за добивка имаш!

 
Наградната игра важи за сите нови и постојни припејд корисници и трае до 9 јануари 2017 година.


Еден корисник може да добие најмногу една дневна награда. Во Наградната игра учествуваат сите учесници кои ја надополниле својата припејд сметка во нејзиното времетраење. Со секој надополнет ваучер добиваш 1 поен, независно од износот на ваучерот. Во извлекувањето на Главната награда учествуваш со сите поени добиени за времетраењето на Наградната игра. Извлекувањето за главната награда ќе биде на 10 јануари 2017, во просториите на Телеком. Доколку сакаш да направиш преглед на состојбата на своите поени, испрати бесплатна SMS порака на бројот 1469 со коден збор: DEN – за проверка на поените во соодветниот дневен циклус до моментот на праќање на пораката; GLAVNA – за проверка на вкупниот број поени со кои учествуваш во циклусот за освојување на главната награда.