Петдневна временска прогноза

Петдневна временска прогноза

Денес е вторник, 22 ноември 2016 година, 327-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:26, а ќе зајде во 16:12 часот. Денот ќе трае 9 часа и 46 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно ведро и релативно топло утро за овој период од годината. Долж повардарието, како и во северните и југоисточните предели имаме појава на магла со видливост до 100 метри.

МАКЕДОНИЈА - Во утринските часови појава на магла, која што долж Повардарието ќе се задржи и во претпладневните часови, особено во Скопскиот, Тетовскиот и Кумановскиот регион. Во останатите предели во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од -4 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која што ќе се задржи и претпладне. Попладне појава на сончеви периоди. Слаб јужен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималнатадневна до 12 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Стабилно и натпросечно топло време и во наредните денови. Во среда и четврток во утринските часови појава на магла која по некои котлини ќе се задржи и во поголем дел од денот, а во останатите предели ќе биде претежно сончево и топло време со максимални температури кои ќе се движат од 8 до 17 степени, односно од 9 до 17 степени. Во петок по магловитото утро, претпладне ќе биде претежно сончево а попладне зголемување на облачноста. Дневните температури од 9 до 15 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно време со услови за врнежи од дожд и пад на максималните температури кои ќе се движат од 8 до 14 степени.

Weather4all.com.mk