За многумина ова е најдобриот филм за 2016 година

За многумина ова е најдобриот филм за 2016 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Филм кој овој месец, а можеби и оваа година, во никој случај не смеете да го пропуштите е „Arrival“, нова научно фантастична драма со Ејми Адамс во главната улога кој скоро сите критичари го обожаваат и имаат само пофални зборови за него.

 

филм


Филмот ја следи приказната за лингвист кој војската го повикува да стапи во контакт со вонземјаните кои ненадејно се појавиле над планетата во убаво и помалку заканувачко вселенско летало во форма на зрно песок. Секако, нивното доаѓање предизвикува возбудување ширум светот.