Градот без новороденчиња

Градот без новороденчиња

Подготвил: Маја Пероска

Асиси е мало италијанско село кое се наоѓа на околу 170 километри северно од Рим блиску до градот Перуџа.
Селото изгледа како да сте во некоја бајка, но има нешто што го двои од останатите места. Во ова место речиси и да нема новороденчиња.


Италијанските жени имаат помалку деца заради високата стапка на невработеност, малкуте права на мајките и неадекватната грижа за децата.

Ова ги натерало локалните власти во селото да бараат идеи за решавање на овој проблем и како да креираат нов план за да ги охрабрат жителите да формираат семејства.

Постои и проект кој го носи името „The Fertility Room“. Проектот има цел да им овозможи на двојките во селото бесплатно сместување во хотел ако зачнат дете за време на нивниот престој. Ако по девет месеци, двојката добие дете со што ќе докаже дека зачнувањето се случило во тој хотел, тогаш трошоците ќе им бидат надоместени. Градскиот совет се надева дека овој проект ќе вроди со плод.

Оваа европска земја се соочува со мал број на новороденчиња уште од 1970-та година, а возраста на популацијата постојано расте, односно е зголемен бројот на стари лица. Италија ја има најниската стапка на наталитет во ЕУ, односно само 8 бебиња се раѓаат на секои 1000 луѓе.

Во месец мај, министерката за здравство Беатриче Лоренцин најавила акции за подобрување на „катастрофалниот“ пад на наталитетот во Италија, како на пример повисок бонус за новороденчиња. Граѓаните на Италија сметаат дека ова се случува заради тоа што животот е многу скап а невработеноста е се уште голем проблем во државата (12.4 %, една од највисоките стапки во Европа).

Во јануари градот Остана, кој се наоѓа во северна Италија, го прослави раѓањето на првото бебе по 28 години. Кај малите градови проблем е и тоа што младата популација ги напушта живеалиштата заради скапиот начин на живот и невработеноста.


Асиси е место кое има традиционални религиски корени, а во него се наоѓаат неколку историски цркви и е домот на шест светци. Местото е познато и по својата богата култура, уметност и архитектура. BBC известуваат дека во Италија биле родени 488 илјади новороденчиња во 2015-та година, помалку од било која година уште од 1861-та.