Вработување во ТЕЛЕКОМ... Отворени се 2 (две) работни позиции

Вработување во ТЕЛЕКОМ... Отворени се 2 (две) работни позиции

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје, отворени се две работни позиции 






Служба за пост пејд и пакет услуги во Област на Главниот оперативен директор за приватни корисници 

Работно место: Виши Специјалист за понуди 

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Високо образование - Економски факултет, Технички факултет – Електротехника, Технички факултет – Информатички науки и компјутерско инженерство или други факултети
- 5 години соодветно работно искуство
- Добро познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office

Работни задачи:
- ја подготвува стратегијата за производи во сегментот, годишниот план за производи и поврзаните комерцијални активности со цел да се остварат главните финансиски и маркетинг клучни показатели на извршувањето на работата и бизнис планот за сегментот
- постојано ги следи производите во врска со: нивната продажба/одлевање, нивните карактеристики и бенефиции, цени
- кога е потребно, предлага промена на производи, промена на цени, промоции/кампањи, повлекување
- го спроведува процесот на развој на производи:
- ги дефинира карактеристиките на производот/услугата и ценовниот модел
- го проценува потенцијалниот пазар врз основа на интерни и екстерни влезни податоци
- ја подготвува стратегијата за продажба
- учествува во дефинирањето на маркетинг комуникацијата
- ја подготвува финансиската пресметка
- ја усогласува понудата со одговорните единици главно во врска со, но не ограничувајќи се на регулаторните прашања, финансиската проценка и техничката имплементација.
- учествува во креирањето на стратегијата на сегментот

Способности и вештини:
- Способност за независно работење, напредни комуникациски и организациски способности, способност за воспоставување и одржување на ефективни работни односи со вкрстено функционалните тимови, ориентиран кон корисниците, посветеност, тимски играч

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши Специјалист за понуди

Важност на огласот до 30.11.2016 година.

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Ќе работи со полно работно време од 40 часа

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 34.008,00 денари.

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.








Служба за пост пејд и пакет услуги во Област на Главниот оперативен директор за приватни корисници 

Работно место: Специјалист за сегмент 

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Високо образование - Технички факултет - Електротехника, Телекомуникации; Економски факултет или други факултети
- 3-5 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Напредни вештини за управување со проекти

Работни задачи:
- Учество во креирањето на стратегија за сегменти и план за комерцијални активности со цел да се остварат главните финансиски и маркетинг показатели и бизнис планот за сегментот
- Подготовка на маркетинг анализи (позиционирање во однос на конкуренцијата, промени на пазарот, однесувањето на корисниците, куповната моќ на корисниците, итн.)
- Учество во процената на потенцијалот на пазарот за фиксниот сегмент
- Развој и поттикнување на темелно разбирање на основните потреби на корисниците во рамките на сегмент
- Идентификација на пазарни и конкурентни трендови кои што влијаат на корисниците во фиксниот сегмент.
- Подготовка и учество во креирањето на редовни извештаи за менаџмент на високо ниво
- Подготовка на деловни студии, усогласување и одобрување на тарифни понуди и услуги

Способности и вештини:
Напредни аналитички вештини, мотивација, работен однос со меѓу-функционални тимови, ориентиран кон корисниците, придвижен од резултатите, проактивен, посветен, тимски играч

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши Специјалист за сегмент

Важност на огласот до 30.11.2016 година.

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Ќе работи со полно работно време од 40 часа

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 30.875,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид