Компанијата „Kaspersky“ го претстави новиот оперативен систем кој е отпорен на хакерски напади

Компанијата „Kaspersky“ го претстави новиот оперативен систем кој е отпорен на хакерски напади

Подготвил: Светлана Петковска

Популарната компанија која работи на полето на сајбер безбедност и антивируси, „Kaspersky“ го претстави својот нов оперативен систем: „Kaspersky“. Новиот оперативен систем беше во развој последните 14 години и го направи својот дизајн од нула, наместо да се потпира на „Linux“.

„Kaspersky“ оперативниот систем го направи своето деби со „Kraftway Layer 3 Switch“, напишал извршниот директор, Јуџин Касперски во својот блог пост, без да открива многу детали за новиот оперативен систем.


Kaspersky


„Layer of 3-switch“ е првата алатка за работа со оперативниот систем „Kaspersky“, која е дизајнирана за мрежи со високи барања за податоците за безбедност и во насока на критичната инфраструктура од интернетот на уредите „

Што е новитетот кај „Kaspersky“ оперативниот систем?

Новиот безбедносен оперативен систем е базиран на microkernel architecture што им овозможува на корисниците да го приспособат соодветно оперативниот систем.

Во зависност од специфичните барања на корисникот, „Kaspersky“ оперативниот систем може да биде дизајниран за користење на различни модификациони блокови од оперативниот систем.

„Kaspersky“ не е „Linux“: Една од трите посебни карактеристики на новиот оперативен систем е дека е конструиран наново, од нула и нема ни најмала поврзаност со „Linux“.

Но што е она што го прави „Kaspersky“ оперативниот систем отпорен на хакерски напади?

„Kaspersky“ оперативниот систем има вграден безбедносен систем, кој има способност да го контролира однесувањето на апликациите и модулите на оперативниот систем.

Од компанијата тврдат дека е практично невозможно оперативниот систем да биде нападнат од хакери, бидејќи за да дојде до неавторизиран пристап секој хакер ќе треба да го пробие дигиталниот потпис на сопственикот на сметката, што е можно само со квантен компјутер.

„Со цел да ја пробие оваа платформа хакерите треба да го пробијат дигиталниот потпис, нешто што во секое време пред воведувањето на квантните компјутери ќе биде претерано скап потфат", велат од компанијата.

Тие гарантираат дека оперативниот систем „Kaspersky“ би ги заштитувал уредите, како што се индустриските контролни системи, „SCADA“, „ICS“ и „IoTs“ од сајбер нападите.