Дури 40 проценти од светската популација не знаат дека се заболени од ХИВ вирусот

Дури 40 проценти од светската популација не знаат дека се заболени од ХИВ вирусот

Подготвил: Светлана Петковска

Во Европа, во 2015 година се регистрирани 153.407 нови случаи на ХИВ-позитивни лица, што е повеќе отколку во 2014 година, пораст предизвикан од случаите во Русија и мигрантите кои се заразени по доаѓањето во Европа.

Светската здравствена организација (СЗО), предупреди дека речиси половина заразени со ХИВ во светот не знаат дека се инфицирани и повика на поширок пристап на тестирање.


тестирање на ХИВ


Според последните податоци, во 2015 година, Европа се регистрирани 153.407 нови случаи на ХИВ-позитивни лица, што е повеќе отколку во 2014 година, пораст предизвикан од случаите во Русија и мигрантите кои се заразени по доаѓањето во Европа.

Од СЗО наведуваат повикувајќи се на проценките од 2015 година дека 40 проценти односно повеќе од 14 милиони лица со ХИВ вирус не се свесни за тоа, што е многу повеќе од претходните години кога процентот беше помал.

Континуираниот недостаток на дијагноза и понатаму останува како главна пречка за спроведување на препораките на СЗО, кои треба да придонесат лицата заболени со вирусот на време да почнат со терапија.

Според податоците, 80 отсто од луѓето со ХИВ примаат терапија, но често многу доцна се пријавуваат за терапија бидејќи не ни знаеле дека се заболени.

Претседателот на СЗО, Маргарет Чан изјавила дека редовното тестирање значително ја олеснува оваа ситуација.  

Само-тестирањето може да отвори врата на многумина, кои на тој начин би се запознале со својот ХИВ статус и би нашле начин да почнат со терапија и да ја подобрат превенцијата-напишала Чен во соопштението. 

Со само-тестирањето ќе им се овозможи на луѓето да ги спроведат најновите методи за тестирање, така што од своите домови би дале примерок на орална течност или крв од прстот за откривање на ХИВ вирусот, а целиот процес трае 20 минути. 

Во САД овие тестови може да се купат за околу 40 долари, но од СЗО наведуваат дела најмногу би сакале тестовите да бидат бесплатни.

Организацијата вели дека подржува проект во 3 земји во Африка: Малави, Зимбабве и Замбија, за кои се планира овие тестови бесплатно да се делат, но се прават напори овој проект да се прошири во повеќе земји, па и во земјите на ЕУ каде се покажало дека еден од седум луѓе не знаат дека се заразени.


Од утре во Македонија започнува националната кампања за борба против ХИВ/СИДА под мотото „Шизици, уживајте без ризици!“ . Наменета за широката јавност и посебно фокусирана на младите луѓе, оваа кампања содржи и дополнителни активности. Прочитајте повеќе на ОВОЈ ЛИНК