Колку би чинел ајфонот доколку би се произведувал во САД?

Колку би чинел ајфонот доколку би се произведувал во САД?

Подготвил: Тамара Гроздановски

За време на неговата кампања, Трамп посочи дека неговата администрација би можела да ја донесе фабриката на „Apple“ во Америка, со што таму би се произведувале нивните компјутери и уреди наместо во другите земји.

 

ајфон


Всушност „Apple“ ја разгледува можноста за преместување на нејзиното производство на ајфон во Америка, меѓутоа извори велат дека цената на уредите би била доста поскапа.

Проценката од „Marketplace“ направи анализа и постави хипотетички трошоци за ајфон произведен во Америка, и дојде до слична проценка. Доколку сите компоненти би биле направени во Америка, тогаш цената на ајфонот би достигнала до 2.000 долари.

Според друга анализа објавена од „MIT Technology Review“, ако ајфонот би бил произведен во Америка, но компонентите во други земји, цената на производот ќе се зголеми за околу 5%. Но, ако компонентите се направени во Америка (со необработени материјали купени од глобалниот пазар), тогаш со тоа би се додале дополнителни 30 или 40 долари на цената за изработка на уредот, зголемување кое би се одразило во купувањето на мало.

Дан Панзика, главен аналитичар на „Outsourced Manufacturing Intelligence Service“ вели дека овие проценки не ги предвидуваат поголемите проблеми.

„Она што луѓето не го гледаат во врска со носењето на производ од висок стандард, е работната сила. Каде ќе најдете толку луѓе?“, вели Панзика. Тој проценува дека кинеската работна сила која ги произведува компонентите од телефонот надминува над 150.000 работници.

„Дури и да ги земете сите луѓе од „GE“, „GM“ и „Ford“, сепак ќе бидат за 20% помалку отколку четири фабрики „Foxconn“. Кој град би можел да издржи една фабрика од 60.000 луѓе?“, вели тој.

Освен тоа, инфарструктурата за овие видови на електроника никогаш не се појавила во Америка, така што концептот на доаѓање во Америка всушност би бил почеток од нула наспроти целата производна мрежа која порасна во Азија во текот на последните неколку децении.

„Би било многу тешко да се конструира ваков вид на инфраструктура во Америка“, вели тој.