Koлку далеку можете да патувате со воз низ Европа за еден ден?

Koлку далеку можете да патувате со воз низ Европа за еден ден?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Питер Керпеџиев, постдокторски соработник на Харвард, создаде интересни мапи за тоа колку време е потребно доколку патувате до одредени локации од различни точки низ Европа.

 

европа

 



Мапите користат податоци од мапи како и од базата на податоци за времетраењето на патувањата, како и колку долго би патувале со автомобил до одредени точки, од неколку големи градови.

Керпеџиев ги создал мапите со „Swiss public transport API“ за да го добие времето на патување до другите градови. Потоа тој го зел во предвид најбрзиот начин да стигне до одредена станица земајќи го во предвид темпото од пет минути по километар.

Како што вели тој, неговата мотивација била „isochrome“ мапата за патување од Виена од 1881 година - тој сакал да го ажурира концептот за денешницата.

Тој препорачува, за оптимално брзо патување, започнувајќи од Лондон, Брисел или Париз и истражувајќи ги оние со воз со голема брзина, пред да се упатите за Женава со „Train à Grande Vitesse“, а потоа да возите со воз до Париз, Виена, Прага или Келн - секако, доколку сте расположени за железници.

 

Линк до галеријата.