Најново од Фејсбук!

Најново од Фејсбук!

Подготвил: Маја Пероска

Pac-Man, Galaga, Space Invaders и низа други игри пристигнуваат на Messenger.


Од Facebook сакаат да поминуваме што повеќе време со пријателите, па сега го лансираат проектот Instant Games, со кој ни овозможуваат во Messenger-от да играме 17 игри, меѓу кои и гореспоменатите класици. Пред извесно време беа додадени игрите кошарка и фудбал, се што треба да се направи е да се кликне на иконата со топка. Инаку повеќе од 1,2 милијарди луѓе играле кошарка, па откако од Facebook виделе дека има заинтересираност се решиле да воведат повеќе игри.

За да започнете некоја игра, треба да започнете разговор со некој пријател во iOS или Android апликација и кликнете на иконата контолер. Ќе видите избор на игри кои можете да ги играте. Како и кај кошарката, на рајот од играта ќе го видите својот резултат и ќе можете да го предизвикате пријателот.

Од Facebook велат дека биле изненадени од заинтересираноста на луѓето за играње игри, па се одлучиле на своите корисници да им понудат побогато искуство.

Се работи за HTML5 платформа за играње која овозможува играње и во Messengeru и на News Feed.