Оглас за вработување во Хабитат Македонија

Оглас за вработување во Хабитат Македонија

ОГЛАС за ангажирање соработник (Ron Terwilliger fellow) 

Хабитат Македонија, национална афилијација на меѓународната непрофитна организација Habitat for Humanity, започнува со спроведување на проект за поддршка на капитални инвестиции кои имаат за цел развој на пазарот во секторот домување. 

Проектот предвидува ангажирање соработник кој ќе користи стипендија Рон Тервилигер, обезбедена од Тервилигер-Центарот за иновации во домувањето на Habitat for Humanity.

Соработникот ќе биде дел од тимот на Хабитат Македонија, а ќе има постојана комуникација со Секторот за финансирање на домувањето и развој на пазарот на регионалната канцеларија на Habitat for Humanity за Европа, Средниот Исток и Африка.

Формалниот статус на соработникот вклучува договор за вработување.
Делокруг на работа

Соработникот на Хабитат Македонија ќе има одговорности кои вклучуваат мапирање на пазарот, инвестициски анализи и проектен менаџмент, со фокус на истражување, тестирање, валидација и дисеминација на решенија за домување за лица со ниски приходи.

Детален опис на делокругот на работа и потребните квалификации на кандидатот се објавени на веб страницата: www.habitat.org.mk

Постапка за пријавување и селекција:
Заинтересираните кандидати треба да достават биографија и мотивациско писмо, на англиски јазик, со редовна или електронска пошта, на адреса: Никола Парапунов бр. 41, 1000 Скопје, или: info@habitat.org.mk, со назнака: Ron Terwilliger fellow, најдоцна до 15 часот на 12 декември 2016 година.
- Постапката на селекција може да вклучи тестирање и интервју, на македонски или англиски јазик.

Кандидатите треба да се на располагање за тестирање или интервју најмалку еден ден во периодот од 15 до 25 декември 2016 година.

Избраниот кандидат ќе биде известен најдоцна до 30 декември 2016 година. Избраниот кандидат ќе треба да склучи договор со Хабитат Македонија најдоцна до 31 јануари 2017 година.