Стивен Хокинг предупредува: „Милиони животи се загрозени, a тоа не се должи на нуклеарната физика!“

Стивен Хокинг предупредува: „Милиони животи се загрозени, a тоа не се должи на нуклеарната физика!“

Подготвил: Б.Б.


Стивен Хокинг

Во паузата од решавањето на мистериите на вселената, Стивен Хокинг предупреди за проблемот со дебелината, порачувајќи дека станува збор за „еден од најголемите здравствени проблеми“ на 21 век.

„Моментално човечкиот род се соочува со многу предизвици, а милиони животи се загрозени. Секој ден премногу луѓе умираат заради прекумерната телесна тежина и дебелината“, предупреди Хокинг во видеото што го снимил за непрофитното здружение  „Ген-Пеп“, кое промовира здрав живот меѓу децата и младите.

„Премногу јадеме, а премалку се движиме. Треба повеќе да се движиме и да ја промениме исхраната“, истакнува Хокинг и додава дека заканата не доаѓа од нуклеарната физика.

Здружението „Ген-Пеп“ предупредува дека физичката неактивност е четврта причина за смртност во светот, а според истражувањата, 80 проценти од возрасната популација не се занимава со физичка активност во доволна мера.

Кај лицата со прекумерна телесна тежина постои поголем ризик од хронични заболувања, вклучително и дијабетес и рак.