Најопасните земји во светот

Најопасните земји во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Консултантската компанија за ризик „Verisk Maplecroft“ направи листа на земји кои го носат најголемиот ризик од насилен криминал - во суштина, преглед на некои од најопасните земји во светот.

 

opasni


Нивниот Индекс на криминал се фокусира на земји каде што постои голема распространетост на трговија со дрога, киднапирање, изнуда, грабеж и други активности кои вклучуваат и доведуваат до насилство.

На секоја земја ѝ е дадена нумеричка фигура на ризик, кои се движат од 10 (низок ризик) до 0 (висок ризик). „Verisk Maplecroft“ исто така ги дели земјите во неколку профили на ризик, кои се движат од ниски па се' до екстремни, меѓутоа не ја открива точната методологија.

 

криминал


Листата не изненадува - најопасните земји во светот се наоѓаат во Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка, каде економиите генерално се помалку развиени и политичките системи се непостојани. Ваквата средина помага да се создаде клима во која е широко распространето насилството.

Ова се земјите со највисок ризик од насилен криминал.