Не се плаши од темнината - генијален цртеж за во детската соба

Не се плаши од темнината - генијален цртеж за во детската соба

Подготвил: Маја Пероска

Момче на возраст од 4 години одбивало да спие во својата соба, па пријателка на неговиот татко креирал мурал кој свети во темнина за момчето да ужива во погледот пред да заспие.


Криспин Јанг Вилсон е пријателката која го создала ова дело што го привлече вниманието на голем број корисници на Интернет. Жената споделила фотографии од своето дело на Твитер и преку ноќ добила повеќе од 40 илјади ретвитови и 83 илјади лајкови.

Таа истакнала дека нејзиниот пријател и побарал помош, бидејќи неговиот син Бен не сакал да спие во својата соба и постојано оди во спалната на мајка му и татко му.

Криспин е компјутерски техничар по професија, а за изработка на ова дело и биле потребни осум часа. Инспирирана била од највисоката планина во Орегон, Маунт Худ, а впрочем е голем љубител на планинарењето и природата.


На семејството му наплатила 12 долари за метар квадратен за она што го сработила. Бен откако ја видел собата се израдувал, а кога ја видела неговата реакција, Криспин посакала да го направи истото и за децата на кои им е ова најпотребно. Вели дека ќе создава бесплатни вакви дела и за болните деца кои не можат да уживаат во детските игри на отворено.