Познати личности кои ја изгубиле битката со AIDS

Познати личности кои ја изгубиле битката со AIDS

Подготвил: Маја Пероска

Во сегашно време може подолго и квалитетно да се живее со ХИВ/Сида за разлика од порано, но болеста и натаму претставува опасност.


Има голем број на познати личности кои ја изгубиле битката со оваа болест, а некои дури и не биле свесни за тоа. Нивните приказни и трагичен крај се потсетник за тоа колку оваа болест е опасна.

1. Freddie Mercury


Тој е првата ѕвезда за која јавно било познато дека починал од AIDS. Починал од воспаление на белите дробови предизвикано од AIDS во 1991. Имал само 45 години.

2. Liberace

Овој уметник починал од компликации настанати од AIDS во 1987. Никогаш јавно не признал дека е хомосексуалец, а дури упатил тужба кон едно списание кога тоа го напишале за него.

3. Eazy-E

Овој рапер завршил во брза помош заради тежок напад што мислел дека е астма. Му дијагностицирале ХИВ и за помалку од еден месец починал од компликации поврзани со вирусот.

4. Rock Hudson

Се смета за еден од најдобрите актери на сите времиња. Било познато дека е хомосексуалец, но тоа никогаш не го признал во јавност. Објавил дека има AIDS во 1985, а починал само три месеци подоцна.

5. Tom Fogerty

Гитаристот на Creedence Clearwater Revival починал од AIDS во 1990, откако добил ХИВ преку трансфузија.

6. Anthony Perkins

Најпознат по својата улога во филмот „Psycho“, иако до тогаш бил веќе номиниран за  iako награда „Tony“ и „Oscar“ па потоа освоил и Златен глобус. Било познато дека има односи и со жени и со мажи. Починал од воспаление на белите дробови предизвикани од  AIDS.

7. Brad Davis

Најпознат по својата улога во филмот „Midnight Express“. Поранешен зависник од дрога, а сакал и мажи и жени и тоа јавно го признал. Дознал дека има ХИВ во 1985 година, но морал да ја чува како тајна бидејќи морал да продолжи да работи и да го издржува своето семејство. Имал сопруга и син.

8. Arthur Robert Ashe Jr.

Своевремено бил најдобар американски тенисер. Освоил три Гренд слема. Се заразил со вирусот ХИВ најверојатно со трансфузија на крв по втората операција на срцето. Таа тајна долго ја чувал скриена од јавноста најмногу заради својата ќерка, која тогаш имала две години. Починал од воспаление на белите дробови како последица од AIDS во 1993.

9. Ivica Vdović

Тапанарот на групата Екатерина Велика бил првата личност регистрирана како ХИВ позитивна во поранешна Југославија.  Починал во 1992 година на 31-годишна возраст.

10. Gia Carangi


Супермодел во доцните 70-ти и 80-ти, постојано била на насловните страници на Voguea, Cosmopoliten и лице на познатите модни куќи. Станала зависник од хероин и набрзо нејзината кариера замрела. Подоцна се заразила со ХИВ и починала од компликации предизвикани од  AIDS на само 26 години.