Грешка во „Пријатели“ во епизодата со Бред Пит

Грешка во „Пријатели“ во епизодата со Бред Пит

Подготвил: Маја Пероска

Најголемите фанови на серијата „Пријатели“ забележале грешка во епзодата „The One with the rumour“, или епизодата во која се појавува Бред Пит. Само вистински фан може да препознае ваква грешка, заради многубројните повторни гледања на сите епизоди од оваа за многумина омилена серија.


Се сеќавате на улогата на Пит во оваа епизода, односно Вил Колберт, кој е поканет на вечерата за Денот на благодарноста во станот на Моника. Тој влегува во станот, а во раката држи „здрава“ пита (no fat, no sugar, no dairy pie). Откако сфаќа дека питата воопшто не е интересна, и вели на Моника да ја фрли.

Наместо да ја фрли, Моника ја остава на масата.



Питата може да се забележи и кога Џои потоа влегува во станот.


Исто така, кога ќе се појави и Рос.


На крајот од епизодата, откако ќе се обиде да ја изеде целата мисирка, Џои се враќа повторно во станот носејќи ги неговите „панталони за денот на благодарноста“ (трудничките панталони на Фиби) и поминува покрај масата на која има пити. Но, „здравата“ пита на Вил ја нема на масата. Каде исчезнала питата на Вил?


„Случајот на исчезнатата пита“ ќе остане мистерија засекогаш, или барем додека заразната „I'll Be There for You“ ви одѕвонува во глава.