Ренци се посрамоти: отиде да гласа без документи!

Ренци се посрамоти: отиде да гласа без документи!

Подготвил: Б.Б.

Италијанскиот премиер Матео Ренци излезе на гласање за референдумот од кој му зависеше функцијата, но заборави да ги понесе своите документи, пишува Гардијан.

Матео Ренци

Како што се наведува, нивото на контрола на гласачите во Италија е многу високо.

Лицето кое ќе дојде на избирачкото место мора да ја покаже својата лична карта и картичката за регистрација на избирачите на која добива печат кога ќе го стави гласачкото ливче во кутијата.

Ренци дојде на гласање заедно со сопругата Агнеса Лендини и децата, но со себе не ги понел и потребните документи.

Сепак, службениците на избирачкото место му дозволиле да гласа.

Да потсетиме, Ренци во деновите пред референдумското изјаснување изјави дека ќе поднесе оставка од премиерската функција доколку изгуби на референдумот.

Така и напарави. Според прелиминарните резултати, италијанскиот премиер Матео Ренци доживеа тежок пораз на референдумот за уставни промени. Ренци го призна поразот, кажа дека презема целосна одговорност и потоа поднесе оставка