Вработување во Мермерен комбинат АД Прилеп

Вработување во Мермерен комбинат АД Прилеп

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана
трговска марка на ситногрануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани во близината на Прилеп, објавува оглас за работно место:

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ВО РУДНИК - АВТОМЕХАНИЧАР
1 извршител Вработен на определено време


ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:
ССС / КВ Машински степен на стручна подготовка - автомеханичар
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство во одржување на транспортни возила и градежна мехнизација
Работно искуство минимум 3 години
Пожелно е познавање на англиски јазик / владеење на компјутерски апликации MS Office
Возачка дозвола Б категорија

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

Работи на поправање на механизацијата и производната опрема за експлоатација и преработка на мермерна минерална маса.
Добиените задачи по писмен или усмен пат ги извршува самостојно.
Врши самостојни поправки и ремонти на одредени типови на дизел и бензиски мотори, во зависност од техничкотехнолошката
опременост.
Врши интервенции и поправки на системите за управување, системите за кочење, системите за довод на гориво и системите за трансмисија на возилата на моторен погон кои се во состав на машинскиот парк.
Врши интервенции и поправки на хидраулични и пневматски системи на возилата на моторен погон кои се во состав на машинскиот парк и на останатата производна опрема.
Врши демонтирање и прилагодување на делови од стари неупотребливи машини и нивно монтирање на машини кои работат во производниот процес.
Во соработка со раководителот врши конструктивни измени на одредени делови, со цел за нивно прилагодување и вградување во машините.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
Тимски ориентирана личност,
Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
Способност за запазување на рокови и остварување на резултати,
Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
Професионалност во работењето.

Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа. Извршителот ќе работи во смени со работно време за прва смена 06:00 часотдо 14:00 часот и втора смена од 14:00 часот до 22:00 часот.

Компанијата обезбедува основна месечна нето плата во износ од 17. 967, 00 денари со можност за остварување на дополнителен варијабилен дел на плата во максимален нето износ од 5. 169, 00 денари.

Компанијата нуди одлична можностза професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати. Пакетот за наградување е конкурентен!

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личностза наведената работна позиција, испратете кратка биографија и мотивациско писмо на македонски јазик на емаил адреса vrabotuvanje@mermeren. com најдоцна до 12 Декември 2016 година со назнака "апликација за работно место МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ВО РУДНИК"
Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост. Единствено кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Мермерен КомбинатАД Прилеп
Ул. Крушевски пат бб, 7500
Лице за контакт: Марта Дамевска Пуличоска
Тел. +389 48 418 940 локал 113