Најдобриот психолог од Харвард за погрешното дијагностицирање на ADHD

Најдобриот психолог од Харвард за погрешното дијагностицирање на ADHD

Подготвил: М.Д.

Џером Каган е рангиран на 22 место на листата на најдобри психолози на 20-тиот век, дури едно место погоре од Карл Јунг.

детенце и печат


Тој е еден од најголемите критичари на психолошката состојба наречена Синдром на невнимание и хиперактивност (ADHD), а во истовреме многу негови колеги гледаат со недоверба кон неговите изјави.

“…(ADHD) е измислица. Секое дете кое нема многу успех во училиште се праќа на педијатар и тој вели: „Ова е ADHD; еве Ritalin.” Всушност, 90% од 5,4 милиони деца со дијагноза ADHD немаат неправилен метаболизам на допаминот,“ вели Каган.

Погрешно дијагностицирање на состојбата

„Ако разговарате со деца и адолесценти на возраст од 12 до 19 години, 40% ќе бидат категоризирани како анксиозни или депресивни. Но, ако погледнете одблизу и се запрашате колкумина од нив навистина се погодени од ова, бројот ќе падне на 8%,“ вели професорот.
Тој вели дека не е можно секој што има симтом или однесување што е соодветно на дијагнозата да има проблеми со менталното здравје. Имено, децата кои ја имаат оваа дијагноза не се доволно успешни на училиште.

Решението за проблемот веројатно лежи во тоа лекарите да не гледаат само на симптомите, туку да ги бараат и причините и тоа во соработка со возрасните, заота што тие немаат способност или имаат страв да објаснат што чувствуваат.