„Не можете да изгубите нешто што немате и не можете да добиете нешто што веќе е ваше“

„Не можете да изгубите нешто што немате и не можете да добиете нешто што веќе е ваше“

Подготвил: Б.Б.


Црно-бела фотографија со маж од Индија

Ана Шахназарова три месеци патувала низ Индија. Кога се вратила дома, импресионирана од сè што научила во текот на своето импресивно патување, ги споделува овие неверојатни 16 поуки:

1.    Секогаш бидете присутни во сегашниот момент

Бидете секогаш таму каде што ви е убаво, но немојте никаде да брзате. Ако чувствувате дека треба да бидете на друго место, тргнете таму каде што ве повикува внатрешниот глас. Притоа, не заборавајте дека за да најдете нешто, не мора да одите некаде. Смислата е секогаш да бидете будно присутни во сегашноста.

2.    Дозволете сè да биде такво какво што е

Не се обидувајте да ги контролирате другите луѓе и настаните. Не планирајте, не очекувајте, но посакувајте. Опуштете се. „Научете да застанете и да направите пауза – пауза во која ништо не се случува.“  Немојте секогаш да бидете тие што бараат, дозволете во вашиот живот сами по себе да се појавуваат луѓе, а настаните сами да се случуваат. Бидејќи ништо не се појавува без причина во вашиот живот.

3.    Споделувајте ја слободата

Дозволете си слобода да бидете тоа што сте, а и на другите дозволете им го истото, макар биле и поинакви од вас. Запомнете, секој оди по својот пат и има свои сопствени лекции. Ако ви се вкрстат патиштата – одлично, ако ви се разделат – и тоа е добро, затоа што сè што се случува во себе носи благосостојба за вас, за нив, за сите...

4.    Не се плашете!

Никогаш и од ништо. Менувајте го начинот на кој ги правите секојдневните работи. Носете ги своите одлуки без никакво двоумење. Изберете ослободување од страхувањата.

5.    Помалку е повеќе

Не се обидувајте да имате сè и веднаш. Сè што ви е потребно, ќе го добиете секогаш на некој начин. Бидете одмерени во сè.

6.    Не се врзувајте за луѓето

Во спротивно, нема да го добиете искуството што вам ви е наменето. И така никогаш нема да останете сами, зашто каде и да одите ќе најдете луѓе кои се „свои“, кои ќе ве исполнат, ќе ве инспирираат. Кога вашите патишта ќе се разделат, колку и да трчате по нив, нема да останете заедно, а од своите, колку и да бегате, не ќе можете да им побегнете.

7.    Сè пуштете

Сите и сè. Со насмевка и со љубов. „Не можете да изгубите нешто што немате и не можете да добиете нешто што веќе е ваше.“

8.    Бидете вода

Запомнете го принципот на морскиот бран: бранот доаѓа и си оди. И тој принцип важи за сè: состојби, чувства, луѓе, предмети. Ништо не е статично. Ние живееме во свет што се движи. Ништо не можеме да задржиме, затоа не се обидувајте да го правите тоа. Едноставно, бидете благодарни на моментот додека трае.

9.    Слушајте го вашиот внатрешен глас

Слушајте совети од другите, но постапувајте така како што ви зборува вашето чувство. Слушајте се себеси. Секогаш.

10.    Имајте доверба

Во луѓето, во вселената, во Бог – наречете го тоа како што сакате. Верувајте дека сè што се случува во вашиот живот – се случува за ваше добро. Дури и во најтешките моменти.

11.    Посветете неколку минути дневно на себе

Правете што сакате – медитирајте, цртајте, пишувајте, шетајте или едноставно уживајте во тишина. Дури и неколку минути ќе ви помогнат да сфатите што навистина ви треба, а што било предизвикано од илузии.

12.    Сакајте се себеси!

Почитувајте ги вашите желби, соништа, вашето тело. Мора да знаете дека вие можете да имате сè. Сè е возможно.

13.    Споделувајте!

Со сите и секогаш. Со пријателите, со бездомниците, со животните... и никогаш не очекувајте нешто за возврат.

14.    Имајте желби

Но, внимавајте што посакувате, затоа што тоа и ќе се исполни. Бидете максимално прецизни кога ги формулирате желбите.

15.    За да можете да ја облечете новата кошула, прво треба да ја соблечете старата

Буквално и метафорично.

16.    Патувајте

И тоа најдобро сами. Затоа што, каде и да одите, сите секогаш се со вас.