Оглас за вработување на приправници во одделите за меѓународен транспорт во Гебрудер Вајс
Дали сте подготвени за специфична работа?
Секој ден?
Секое работно место кај нас е поинакво во споредба со другите компании. Бидејќи е различно опкружувањето. Љубовта за мобилност е нашата движечка сила, а обезбедувањето трговски и производствени синџири е наша секојдневна активност исто како и решавањето комплицирани задачи. Често избираме патишта по кои никој не се осмелува да тргне, а врските кои секојдневно ги воспоставуваме му помагаат на светот полесно да се движи. И секоја цел која ја постигнуваме нè прави горди што сме важен дел од нашиот портокалов свет: со вршење на најдобрата работа на светот.
Можеби токму Вас Ве бараме за ваква специфична работа. Како приправник, можеби подоцна специјалист или раководител во нашиот тим: започнете ја Вашата кариера во свет каде и невообичаеното станува вообичаено. Секој ден.
За нашиот огранок во Скопје, Македонија, потребни се мотивирани, предани кандидати, за работна позиција:
- Приправници во одделите за меѓународен транспорт
Потребни кавилификации:
- Високо образование од полето на техничките и економските науки
- Активно, високо професионално познавање на англиски јазик, а познавањето на германски јазик и/или некој од балканските јазици ќе се смета за предност
- Беспрекорно познавање на кориснички компјутерски апликации, Windows околина
- Возачка дозвола, Б категорија, со чисто возачко досие.
Кај кандидатите ќе бараме и сакаме да поттикнеме интелегенција, можност и желба за учење, брзо адаптирање, „око„ за детали, способност за следење и развивање на работни процеси и процедури.
Со над 6.000 вработени, 150 локации во сопственост на фирмата и годишен промет од 1,3 милијарди евра (2015), Gebrüder Weiss се вбројува во водечките транспортни и логистички компании во Европа. Компанијата нуди услови за работа во меѓународна, високо мотивирана и организирана средина, одлични можности за напредок во кариерата.
Вашите биографски апликации, заедно со мотивациско писмо и по можност-фотографија, Ве молиме праќајте ги само на следната мејл адреса:
hr@gw-world.mk , не подоцна од
25/12/2016 година.
За нас како Gebrüder Weiss се подразбира дека одговорно ќе се однесуваме со Вашите лични податоци кога ја користите нашата интернет страница и електронски комуницирате со нас. Ви укажуваме дека ги почитуваме важечките национални и европски прописи за заштита на личните податоци. Он-лајн утврдените податоци не се продаваат, изнајмуваат или проследуваат за целите на трети лица.