Отворен повик за пракса во АрцелорМиттал Скопје

Отворен повик за пракса во АрцелорМиттал Скопје



АрцелорМиттал е водечка светска компанија за челик, со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работиме во повеќе од 60 земји, со објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и сме лидер во сите главни пазари за челик.

АрцелорМиттал Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.

Програма за практиканство 2017 г.

Во насока на професионално усовршување на младите, перспективни кадри, АрцелорМиттал Скопје нуди можност за:

• 3 месечна практикантска работа
• континуиран процес на учење
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера

Доколку сте...

- Ориентирани кон успех
- Со желба за надоградба на знаењето
- Комуникативни
- Имате тимски дух
- Имате напредно познавање на англиски јазик

...аплицирајте за пракса во еден од нашите оддели:

Оддел за валање
Проекти и одржување
Набавки
Пластификација и поцинкување
ИТ
Човечки ресурси и правни работи
Финансии
Здравје и безбедност

Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) на машински/електро/технолошко-металуршки и економски факултет како и студенти од останатите општествени науки, ги повикуваме да го испратат своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – <оддел>“