Земјите со најдобри поени на ПИСА тестирањето... Македонија на дното!

Земјите со најдобри поени на ПИСА тестирањето... Македонија на дното!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од глобалното рангирање на успехот на учениците по математика, читање и наука за 2015 година, за Програмата за меѓународно оценување на учениците, односно ПИСА.

 

1


ПИСА е тест кој се спроведува на секои три години, а го мери знаењето на 15 годишните ученици во 72 земји. Во 2015 година, тестот го направија вкупно 540.000 ученици.

Сингапур се најде на врвот на листата. Учениците од Сингапур добија многу повисоки поени од просекот на ОЕЦД.

 

1


Освен Сингапур, Канада, Естонија, Финска, Хонг Конг, Јапонија и Макао беа единствените места каде 4 од 5 15 годишни ученици го преминале основното ниво на стручност во областа на науката, читањето и математиката. 

 

1
Наука

2
Математика

3
Читање

 

Нашата земја е рангирана меѓу последните земји, а позади нас се само Косово, Алжир и Доминиканската Република.