Пивара Скопје има потреба од ДИСПЕЧЕР... Бруто плата - 36.000,00 денари

Пивара Скопје има потреба од ДИСПЕЧЕР... Бруто плата - 36.000,00 денари

Работна позиција: ДИСПЕЧЕР

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што бараме:
Висока стручна подготовка ВСС, ССС
Најмалку 1 година работно искуство во областа на синџирот на набавки
Одлично познавање на SAP – софтверски систем во областа на синџирот на набавки ќе се смета за предност
Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
Одлични аналитички способности и организација
Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
Одлично познавање деловен англиски јазик
Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)

Краток опис на основните одговорности:
Диспечинг на дистрибутивните возила во САП-опкружување. Одговара за квалитетно вршење контрола, задолжување и раздолжување на амбалажата и доставените документи од страна на дистрибутерите, со цел да обезбеди точни информации за состојбата.

Организира распоред на натоварувања/товарања во склад со магацински капацитети;
Оптимизира рута врз основа на работното време на купувачите, определува тип на возило со кое се доставува, географска оддалеченост и расположливост на возила за тој ден, земајќи ги предвид трошоците на дистрибуцијата;
Контролира заостанати порачки и ги известува сите релевантни служби;
Одговорен е за планот на дневни рути и на натоварувањата/товарањата да се одвива без доцнење и во времето предвидено со договори за соработка со други служби;
Го следи континуираното движење на амбалажата од магацин до купувач;
Ја евидентира, ја архивира и ја чува документацијата.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, во прва и втора смена.

Основната бруто-плата за ова работно место е 36.000 МКД. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на оваа апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да аплицираат тука, најдоцна до 18.12.2016.