Оглас за вработување на ИТ техничар во Сарафешн

Оглас за вработување на ИТ техничар во Сарафешн

sarafashion

 

Друштвото ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ постои од 1999 година. Сопственик е на ланецот продавници Сарафешн во Македонија и Србија и официјален застапник за брендот Пенти во Македонија. ДЕ-ТА е лидер во регионот по снабденост со чорапи, хулахопки и долна облека.

 

Посветени сме на развој, наградување и на задржување на своите вработени и за таа цел компанијата обезбедува структуирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од Вас. Преку обуки и едукација на нашите вработени во Менаџмент академијата на Сарафешн, со тренери експерти во своите области, вложуваме во професионалниот и личен развој на секој вработен. ДЕ-ТА има потреба од ИТ ТЕХНИЧАР кој ќе биде нов член во професионалниот тим на Сарафешн.

 

Одговорности

 

• Техничка поддршка на подружници на територија на цела Македонија
• Инсталација на оперативни системи и програми.
• Познавања за хардвер

 

Потребни квалификации

 

• Завршено образование ССС
• Познавање англиски јазик
• Искуство во одржување и сервисирање на компјутерски системи
• Одлично познавање на MS Windows (инсталирање и подесување)
• Познавање на компјутерски мрежи и нивно сетирање за работа во MS Windows околина
• Возачка дозвола Б категорија

 

Вештини и способности

 

• Способност за брзо дијагностицирање на некој технички проблем
• Способност да даде привремено и/или трајно решение за отстранување на проблемот.
• Аналитичност и прецизност

 

Каква личност бараме

 

• Комуникативна и динамична личност
• Професионален пристап кон работните обврски
• Менаџира со време и почитува рокови
• Личност со желба за континуирано учење

 

Ние нудиме

 

• Средина во која се почитува и се наградува квалитетот
• Можност за надградба на професионален план
• Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата

 

Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професионален развој, Ве покануваме да аплицирате со прикачување на CV и пополнување на on-line апликациската форма

 

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!

 

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.