Бесплатно пријавување за студентска работа во Германија

Бесплатно пријавување за студентска работа во Германија



КОУЗОН во соработка со Државниот завод за вработување на Република Германија ви нуди ексклузивна можност да бидете дел од интернационална работна пракса во Германски компании во летните месеци од 2017 година.( Ferienbeschäftigung 2017) Коузон е единствена лиценцирана агенција во Македонија за спроведување на оваа програма. (Mazedonische Partnerstelle der Bundesagentur für Arbeit für mazedonische Studierende)

Пријавувањето за учество во програмата е БЕСПЛАТНО и ќе трае до 20 Јануари 2017.

Бројот на учесници е ограничен, така што сите Вие кои би биле заинтересирани испратите е-маил со Ваше CV на германски јазик на info@kouzon.com.mk

Работната пракса во Германија може да Ви обезбеди многу привилегии во идната професионална кариера.

Доколку зборувате германски јазик на одредено ниво, имате желба за работа и пред се сакате да го усовршите познавањето на германскиот јазик, Ве уверуваме дека ова е ИДЕАЛНА ПРИЛИКА ЗА ВАС.

За сите можни прашања контактирајте преку е-маил на info@kouzon.com.mk или слободно посетете некоја од канцелариите на КОУЗОН ширум Македонија