Како би изгледал светот без муслиманите?

Како би изгледал светот без муслиманите?

Подготвил: Светлана Петковска

Casey Review ги спомнува муслиманите 249 пати, додека другите заедници како на пример Полска, се поназад на листата, а можеби тоа е така поради терористичките напади и хорор случувањата со ИСИС кои редовно се објавуваат во медиумите.

Сепак тероризмот во никој случај не смее да се ограничува само на ИСИС или муслиманите. Во саботата 38 луѓе починаа во Истанбул откако автомобил бомба удри полициско возило, а бомбашот самоубиец предизвика други жртви во близина на „Vodafone“ арената.


Муслимани


Нападот подоцна беше потврден од курдската милитанска група, Курдистанските Соколи на Слободата („Kurdistan Freedom Falcons-TAK“) што укажува на зголемената тензија помеѓу курдското малцинство и турската влада.

Според едно истражување, повеќе од половина од Британците гледаат на Исламот како на закана за западната либерална демократија.

Ова ксенофобично чувство, можеби беше најдобро изразено кога еден корисник на „Tumblr“ постави многу едноставно прашање, со многу возбудлива слика на која пишува: „Замислете свет без муслимани“.


свет без муслимани


Она што следуваше во продолжение беше одговор со листа на работи измислени или значително развиени од муслиманите во Исламскиот свет:

Кафе

Камери (првата оптичка камера, Ibn al-Haytham)

Експериментална физика

Шах

Сапун

Парфем

Наводнување на земјоделски култури

Вратило, мотор со внатрешно согорување, вентили, клипови за цилиндри

Катанци

Архитектонски иновации (pointed arch-Европските готски катедрали ја присвоиле оваа техника што ја прави зградата многу посилна, обоени стакла во облик на ружа, купола згради, кружни кули итн.)

Хируршки инструменти

Анестезија

Ветерници

Лекување од кравји сипаници

Наливно перо

Систем за нумерирање (хинду деривација)

Алгебра/ тригонометрија

Модерна криптологија

3 главни оброци

Кристални чаши

Теписи

Чекови

Градини користени за убавина и медитација, наместо само за растенија

Прв степен за студии или Универзитет

Оптика

Музички ноти

Четка за заби

Болници

Бањи

Ватирање

Безалкохолни пијалоци

Кармин и молив за очи

Пластична операција

Калиграфија

Производство на хартија и облека

Падобран
Save