Работа од соништата : пијте џин и шетајте низ Британија и Европа

Работа од соништата : пијте џин и шетајте низ Британија и Европа

Подготвил: Маја Пероска

Здодевно ви е на работа? Потребно ви е ново искуство?

Не барајте повеќе. ILoveGin бара човек што ќе патува низ светот и ќе пие џин.

Позицијата која нуди 20 илјади фунти годишно ви дозволува сами да си го организирате времето, да патувате низ Велика Британија и делови на Европа и едноставно да пиете џин. И тоа во големи количини.

За работата се пријавиле 4 илјади лица, па компанијата се’уште не ги разгледала сите апликации.

Од IloveGin изјавиле :

„Бараме лице кое ќе го вработиме во првите месеци од 2017 година. Потребен ни е вистински ентузијаст кој сака џин – кој ќе биде среќен што ќе ги поминува денови во испробување нови видови на џин, комбинации и нови брендови, ќе посетува места за дестилација и ќе не информира за новите сознанија кои ќе ги стекне.

Имаат право да аплицираат сите кои :

- имаат над 18 години

- живеат во Велика Британија

- Имаат возачка дозвола

- Знаат да препознаат одличен џин и тоник кога ќе го вкуси

- Сака џин

Тоа е тоа.