Ким Јонг-ун изненаден: „Зошто сите околу мене плачат?“

Ким Јонг-ун изненаден: „Зошто сите околу мене плачат?“

Подготвил: Б.Б.


Ким Јонг-ун

Севернокорејскиот диктатор, Ким Јонг-ун, наводно толку многу се напил што во состојба на алкохолен бес максимално ги навредувал и смртно ги преплашил своите генерали и офицери, јавува The Korea Times.

Јапонскиот дневен весник Tokyo Shimbun прв ја објавил веста што се повикува на неименуван извор, заради што и оваа сторија е тешко проверлива, впрочем како и многу други што се однесуваат на Северна Кореја. Според тој извор, во септември месец, Ким толку многу се напил во друштво на своите генерали, па во состојба на алкохолен бес почнал жестоко да ги напаѓа и навредува, нарекувајќи ги „предавници на нацијата“, затоа што не можеле да развијат нов воен сателит.

„Тоа е чин на предавство“ – им викал тој во текот на својот испад.

После тоа ги натерал сите собрани воени функционери цела ноќ да пишуваат писма со извинување, по што паднал во сон. Кога се разбудил следното утро, воопшто не се сеќавал на случувањата од минатата ноќ.

„Зошто сте сите овде собрани? Вие сте возрасни и би требало да внимавате на себе“, им се обратил водачот на соработниците кои заплакале од среќа, трогнати од љубезноста на својот шеф, кој неколку часа претходно ги преплашил до смрт.

Воените функционери најверојатно плачеле од среќа што нема да бидат егзекутирани како предавници, изјавува анонимниот извор.