Што крвната група кажува за вашиот карактер и вашата интелигенција?

Што крвната група кажува за вашиот карактер и вашата интелигенција?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Јапонците веруваат дека крвната група има големо влијание на нечиј карактер и способност. Оваа теорија ја поставил Масахико Номија, во своето истражување во 1970 година.

 

крв


Крвна група А

Луѓето со оваа крвна група ги пуштаат другите пред себеси, знаат да сослушаат што другите луѓе им кажуваат и се одлични пријатели. Она што би можело да биде нивниот недостаток е тоа што имаат проблеми со покажување на сопствените емоции. Повеќе сакаат да се занимаваат со туѓи проблеми и чувства и сакаат да им помогнат. Со текот на времето кај нив може да се развие анксиозност и депресија. Тие се добри книговодители, писатели, правници и економисти. Во љубовта најмногу си одговараат со луѓе од крвната група А и АБ.

Крвна група Б

Луѓето со оваа крвна група се екстроверти. Слично како оние со крвната група А, знаат да ги сослушаат другите и се многу добри пријатели. Сепак ,тие тоа не го прават на своја штета, односно не ги ставаат туѓите потреби пред своите. И тие имаат проблеми со искажувањето на чувствата, но во многу помала мера од поединците со крвна група А. Одлични се во читање на говорот на телото и се доста интуитивни. Добри психијатри се, детективи и новинари. Во љубовта најмногу се согласуваат со партнери од крвните групи А и АБ.

Крвна група АБ

Ова е најретката крвна група и најдуховитата. Овие луѓе се рационални, одлично во планинирање и организација. Тие имаат тенденција да произведуваат повеќе хормони како што е адреналинот - тој ја зголемува силата и будноста и го подготвува телото а состојба кога е потребно да се реагира итно, да се бори или да се побегне од опасност. Луѓето со оваа крвна група се добри во професии како што се односи со јавноста, менаџерски позиции и професии во образованието. Во љубовта одлично се снаоѓаат со сите групи.

Крвна група О

Ова е најчестата крвна група и научниците велат дека е најстара на свет, со оглед на тоа што прва настанала. Луѓето со оваа крвна група сакаат да се чувствуваат моќни. Во состојба се повеќе да се фокусираат на својата цел отколку на реализирање пријателски односи. Токму затоа се одлични лидери. Добри се како сметководители, политичари и терапевти.

RH фактор - негативен


Секоја крвна група се дели на две подгрупи во зависно од тоа дали Rh факторот е позитивен или негативен. Се смета дека овие луѓе имаат повисок коефицент на интелигенција од просечниот, доста се емпатични и се видовити. Почесто од другите луѓе развиваат необјасниви фобии. Помали се во градбата од оние со позитивен Rh и се почувствителни на промена на температурата.