Успешно имплементирање на меѓународни најдобри практики во високото образование во Р. Македонија

Успешно имплементирање на меѓународни најдобри практики во високото образование во Р. Македонија



 
На крајот на месец декември 2016 година под координаторство на Приватниот НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА од Скопје се очекува финализирање на меѓународниот проект за Иновативно стратешко партнерство за европско високо образование (ISPEHE) финансиран од Европската комисија, во рамките на Еразмус плус програмата, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми на Р. Македонија.

Проектот е исклучително значаен од повеќе аспекти:

институција од Македонија за прв пат е координатор на овој вид европски проекти и од друга страна во соработка со уште четири реномирани високообразовни институции од Европската унија (Универзитетот Павиа од Италија, Универзитетот Љубљана од Словенија, Техничкиот универзитет од Латвија и Универзитетскиот колеџ за економија и култура од Латвија) постигнати се значајни резултати во однос на подобрување на техниките на учење и предавање, како и соработката со бизнис заедницата.

Проектните активности се поврзани со три иновативни компоненти: Интегриран образовен модел кој ги споделува најдобрите образовни практики помеѓу проектните партнери, заеднички Кариерен Центар, кој им овозможува на студентите полесен пристап до кариерни можности и советодавни услуги од експерти во различни полиња и креирање на Веб платформа која ги поврзува образовните институции, бизнис секторот и јавните претпријатија.

Сите проектни компоненти се фокусирани кон креирање на иновативен пристап за претприемничко образование и воспоставување на линк помеѓу високообразованите институции и бизнис заедницата. Сето тоа со цел да се воспостават заеднички модерни наставно практики на база на постоечките наставни програми, да се подигне свеста за иновација и интрапретприемничката култура кај студентите, како и да се зајакне врската помеѓу високообразовните установи и бизнис секторот.