Откријте ја новата виртуелна училница во живо на Xplorify!

Откријте ја новата виртуелна училница во живо на Xplorify!

Xplorify ве поканува да се запознаете со платформата која ќе ви помогне да го надградите вашето знаење и да напреднете во кариерата!

Време: 23ти и 24ти декември
Mесто: На главниот влез во Skopje City Mall

Живееме во брзо и динамично време каде надградувањето на знаењето не завршува со дипломирањето на факултет. Градењето кариера не се состои само од традиционалното образование, напротив, потребно е многу повеќе. Во текот на студирањето, секој барем еднаш помислил како би било дополнителното знаење за одреден предмет да го добие на најбрз и најефективен начин, од дома. Стремежот за повисоки цели е секогаш тука – сакате да се надградите себеси и своето знаење, но немате време и начин.

Што ако само еден клик ве двои од интерактивното е-учење? 

 

Дојдете на 23ти и 24ти декември на главниот влез во Skopje City Mall каде заедно со тимот на Xplorify и партнерите - Центар за странски јазици, Алфа едукација и Смарт Едукативен центар ќе можете да ја откриете виртуелната училница во живо. Ќе бидете во City Mall, а во исто време ќе имате чувство како да сте во реална училница од иднината!


 

Со помош на платформата Xplorify, може да го добиете целото знаење од областа која ве интересира, преку интерактивните предавања во живо од реномирани училишта и предавачи кои ќе може да ги следите од секое место на кое има стабилна интернет конекција. Обуки за студенти, подготовки за матура, јазични курсеви за сите возрасти, компјутерски науки, се само дел од курсевите кои може да ги следите на Xplorify.


 

Платформата ви нуди онлајн библиотека со материјали од предавачите, табла за дискусии, проверка на знаењето преку тестови, домашни задачи и виртуелна училница. Од друга страна, секој оној што смета дека поседува солидно знаење, може истото да го понуди на Xplorify и да заработи од него.


 

“Деновите на едукација во училниците како примарно место за учење се минато. Корисниците низ целиот свет истражуваат различни методи на учење кои се во согласност со нивните пренатрупани распореди и променливи потреби.” -  вели Горан Јованов, Извршен директор на Xplorify GmbH.

Посетителите ќе имаат уникатна шанса да си резервираат место за бесплатен курс од областа која се заинтересирани!

 

Не пропуштајте ја понудата и потвредете го присуството на следниот линк и ве очекуваме: https://www.facebook.com/events/719528051554129/

https://www.xplorify.mk
E-mail: contact@xplorify.mk
Телефон: +389 78 246 468 / +389 78 246 224