ЕДЕН НА ЕДЕН: Жаре и Игор ја направија можеби најдобрата емисија во историјата!

ЕДЕН НА ЕДЕН: Жаре и Игор ја направија можеби најдобрата емисија во историјата!

Во саботата на Телма имавте прилика да го погледнете второто продолжение од специјалното гостување на легендарниот Игор Џамбазов во нашето најгледано ток-шоу, „Еден на Еден“.

Во првата емисија Игор и Жаре се јавуваа во полициска станица, но овој пат маестро Џамбазов отиде чекор подалеку, па пред камерите, верувале или не, искрши стаклено шише од глава!

Со оваа епизода Жаре и Игор дефинитивно влегоа во историјата. Сите гостувања на Џамбазов во "Еден на Еден" биле фантастични, но со оваа емисија ретко која може да се носи.

На Игор му се придружи и Гуру Харе со кого раскажаа за нивната нетипична посета кај претседателот Ѓорѓе Иванов, пееја многу песни, а сред емисија на Игор му се јави и доктор Жан Митрев.

За сите кои немаа можност да ја погледнат саботната "Еден на Еден" епизода, истата веќе е објавена на Јутјуб.