Решена една од најголемите мистерии за кралот Артур

Решена една од најголемите мистерии за кралот Артур

Подготвил: Тамара Гроздановски

Легендата за Камелот е тема на многу книги и филмови, а пронаоѓањето на точната локација на замокот на кралот Артур, го привлекува вниманието на научниците повеќе од 1.000 години. Сепак, оваа загатка можеби конечно доби разрешница.

Пензионираниот професор Питер Филд, од универзитетот Бангор во Велика Британија смета дека познатото место каде кралот Артур го планирал нападот на Саксонците било Јоркшир.

 

atur


Питер Филд наведува дека за време на предавањето за римската окупација на Британците ги набљудувал мапите, кога го забележал името „Камулодунум“ кој значи „Тврдината на Богот Камул“. Голема е веројатноста зборот Камелот да значи кратенка од името.

„Сите коцки се поклопија. Верувам дека ја решив загатката стара 1.400 години. Ја погледнав локацијата на останатите места и сфатив дека Камулодунум се наоѓа на патот кон Јорк, местото каде Британците планирани да ја спречат англосаксонската инвазија во случај да дојде до неа“, изјави Филд.

Постоечките урнатини од римската тврдина Аутлејна, што се наоѓа на патот помеѓу Честер и Јорк, се на локација која совршено би му одговарала на кралот Артур и неговата тркалезна маса.

Професорот заклучува дека војската на Артур имала состанок во Честер и уште некој град на стратешко добра позиција за одбрана на Јорк, а основањето на тврдината во близина на Аутлејна совршено би се совпаѓало со плановите на Артур.