Данокот за ваквите куќи и станови ќе биде покачен до 20 отсто во случај кога куќата или станот имаат убав поглед, за што досега се плаќало пет отсто, а ваквата постапка веќе предизвикала гнев кај здруженијата на потрошувачи и сопственици.
„Сè укажува на тоа дека следниот чекор ќе биде оданочување на кислородот што го дишеме“, рекол претседателот на Здружението на сопственици на недвижнини во Португалија, Антониот Фаријаш Маркес.
„Одлучно сме против тие мерки, бидејќи се засноваат на субјективен критериум. Погледот од куќата може различно да се оценува“, за AFP изјавил Ернесто Пинто, стручњак за даноци од Здружението на потрошувачи DECO. Од друга страна, сопствениците на куќи со поглед на гробишта или индустриски предел ќе добијат намалување на данокот на имот до 10 отсто, што досега бил пет проценти.
На почетокот покачувањето ќе важи за сите станбени недвижнини што се предмет на данокот на имот, а потоа ќе се ограничи само на куќи поскапи од 250.000 евра, што е резултат на амандманот на пратеник на Комунистичката партија.
Покачувањето на даночната основица е воведено врз основа на „критериумот за социјална правда“, тврди Жоао Галамбаш, портпарол на владеачката Социјалистичка партија.
„Несфатливо е некој кој живее во подрум и некој на спратот над него, со одличен поглед, да плаќаат ист данок“, истакнал тој.