Стравот на Папата Францис

Стравот на Папата Францис

Подготвил: Б.Б.

„Молете се мојата старост да биде таква: мирна, исполнета со верба, плодна и полна радост“, им рекол Папата Францис на собраните кардинали по повод неговиот 80. роденден.

Папата Франциск дува роденденски свеќички на торта

Во саботата, Папата Францис ги сподели своите тешки мисли за староста пред собраните кардинали, а по повод почетокот на прославата на неговиот 80. роденден.

„Нешто што изгледа грдо и страшно, староста, деновиве ми е постојано во главата“, признал Папата по завршувањето на верската служба во црквата Паолина.

Повиувајќи се на старите римски поети и философи, како што се Цицерон и Плиниј, Папата Францис ја опишал староста како „копнеж за мудрост“, додавајќи: „Да се надеваме дека и за мене ќе биде така“.

„Молете се и мојата старост да биде таква: мирна, исполнета со верба, плодна и полна радост“, рекол Папата опкружен со кардиналите.


Ватикан отворил седум електронски пошти за да може да ги прими сите честитки што стигнувале по повод роденденот на Папата и тоа на латински, на италијански, шпански, португалски, англиски, француски, германски и полски јазик.

Од Светиот престол велат дека Папата намерува својот ден да го помине „нормално“, со вообичаените работни активности.

Меѓу многуте пораки, на Папата му честитал и претседателот на САД во заминување, Барак Обама: „И со зборови и со дела, Папата ги инспирира луѓето од целиот свет со своите пораки за сочувство, надеж и мир“.

Обама, исто така, му се заблагодарил на Папата за придонесот во историското приближување меѓу Соединетите држави и Куба.