Оглас за вработување на хигиеничар(ка) во Нова

Оглас за вработување на хигиеничар(ка) во Нова

Потенцијалниот кандидат треба да биде организирана личност, способна за тимска работа, која ќе ги почитува и поддржува училишните политики во однос на безбедност и хигиена. Кандидатот во својата работа ќе одговара на координаторот на хигиеничари, кој е одговорен за одржување на објектот. Пожелно е кандидатот да има претходно искуство на слично работно место.

 

nova

 

Работни задолженија:

 

• Дневно одржување, чистење и дезинфекција на училишниот кампус.
• Подготовка на простории за предавање, состаноци, конференции, настани, и др.
• Поддршка на останатиот персонал во реализирање на целите на училиштето.
• Посета на обуки и тековна надградба на знаењата од областа на безбедност и здравје при работа.

 

Потребни квалификации:

 

• Завршено средно образование.
• Пожелно е кандидатот да има познавање на англиски јазик.
• Препорачливо е претходно работно искуство како хигиеничар во голема компанија или организација.

 

Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски на info@nova.edu.mk следниве документи: CV, сертификат за завршено средно образование, други релевантни сертификати. Краен рок за поднесување на документите е 30-ти декември, 2016. Избраните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.