Оглас за вработување на персонал за обезбедување во Нова

Оглас за вработување на персонал за обезбедување во Нова

Потенцијалниот кандидат треба да е организирана личност која е во можност да ги почитува и поддржува училишните политики во однос на безбедноста на училиштето. Од кандидатот се очекува да се придржува до одговорно и ефективно обезбедување на училишниот кампус. Кандидатот за својата работа ќе одговара на координаторот за обезбедување, кој е одговорен за безбедноста на училиштето. Пожелно е кандидатот да има претходно искуство на слично работно место.

 

nova

 

Работни задолженија:

 

• Извршување на обврски поврзани со безбедноста на училишниот кампус (во објектите и дворот) во две смени (дневна и ноќна), вклучително и работа за време на викенд.
• Контрола на целиот автомобилски и пешачки сообраќај којшто минува низ училиштето, со групна и индивидуална проверка на дозвола за пристап до училишниот кампус.
• Подршка на училишната администрација во извршување на административните обврски.
• Учество на тренинзи (прва помош и заштита, безбедност и здравје при работа), како и координација на вежби за евакуација при пожар, земјотрес или други вонредни ситуации на ниво на целото училиште.
• Поддршка на сите училишни настани, во и вон работно време, како што се спортски турнири, вечерни настани и претстави, како и активности за време на викенд.

 

Потребни квалификации:

 

• Завршено минимум средно образование.
• Пожелни се обуки од областа на обезбедување.
• Добро познавање на англиски јазик, вклучително и пишување.
• Препорака од претходен работодавач.
• Препорачливи се 2 години работно искуство во обезбедување или слична област.

 

Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски на info@nova.edu.mk следниве документи: CV, сертификат за завршено средно образование, други релевантни сертификати. Краен рок за поднесување на документите е 30-ти декември, 2016. Избраните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.