Вработување во Шпаркасе банка... Нето плата - 40.000,00 денари
ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална
банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на
физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции:
САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАТЕРАЛИ – ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ, СЕКТОР ЗА
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ (2 позиции, неопределено време, со вклучена пробна работа од 6 месеци)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- ВСС, економски, правен или градежен факултет;
- 5 години работно искуство во релевантна област;
- одлично познавање на постоечкиот пазар на недвижности;
- одлично познавање на локалната регулатива која го уредува работењето на овој
сегмент ( проценки и репроценки во областа на недвижен и подвижен имот)
- поседување на лиценца за овластен проценител согласно важечката
законска регулатива;
- добри организациски и комуникациски вештини, јасен израз,
независност, интегритет, прецизност, доверливост, работа во
динамична средина, ориентираност кон тимска работа;
- активно познавање и работа на компјутер (MS Office и Outlook Express);
- за едната работна позиција кандидатот е потребно да поседува лиценца
за овластен проценувач од областа на подвижен имот;
- возачка дозвола - Б категорија.
- oдлично познавање на англиски јазик, предност имаат кандидатите
кои го познаваат и германскиот јазик (препорачливо поседување на
официјален сертификат).
Опис на работното место/одговорности:
- анализа на формалните и вредносните аспекти на понудените колатерали;
- изготвување на прелиминарно мислење за адекватноста на инструментите за
обезбедување (економски аспект);
- евалуација и репроценка на колатералите (економска анализа на проценка на
вредноста на колатералот и евентуална корекција);
- мониторинг известување, конторола и иницирање на корективни активности
поврзани со колатералите;
- одговорност во врска со следењето на пазарните движења во делот на
недвижниот и движниот имот.
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата: 40.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното
место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11,
Скопје, најдоцна до 30.01.2017 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.