Тајните на музичкиот талент

Тајните на музичкиот талент

Подготвил: Маја Пероска

Музички надарените деца не е тешко да се препознаат. Уште од најрано детство, кога започнуваат со свирење на одреден инструмент, тоа го прават со голема желба и љубов.


Овие деца имаат извонредна музичка меморија, подготвени се да импровизираан и да го менуваат она што го научиле, но и со разбирање да ја сфаќаат комплетнмата музичка структура. Исто така, покажуваат способност за транспонирање на мелодии во нови тоналитети, објаснуваат експертите.

За разлика од  другите, овие  деца читаат партитури, а се интересираат и за музичката теорија. Лесно ги следат музичките барања и го забележуваат ритамот и мелодиската линија. Дури и памтењето им зависи од музичката структура. Подобро памтат познати структури, хармонии и ритам отколку оние по случаен избор.

Талентираните деца слободно се движат низ четирите начини на пристап во музиката менувајќи го центарот на внимание помеѓу инструментот и техниката на изведување, партитурите, звукот и музичката структура. Поседуваат и зголемена чувствителност за бојата на звукот.