Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

КОНКУРС за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд за 2016 година

 
Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“бр.58/00, 44,02 88/08,167/10 и 51/2011) и член 10 став 4 од Правилникот за постапката и поблиските критериуми за софинансирање на издавачката дејност („Службен весник на Република Македонија, бр.82/09 и 25/11), правилникот за обрасците на барањата за доделување на средства за стипендии за академски студии од втор и трет циклус на студии, последипломски студии, еднократни средства за изработка на магистерски и докторски трудови, творечки дејности, организација на научни собири, учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и објавен научно-истражувачки труд („Службен весник на Република Македонија, бр. 169 од 06.09.2016 година“) Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд за 2016 година



Министерството за образование и наука еднократно ќе додели финансиски средства за објавени научно-истражувачки трудови од домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијаниe (импакт фактор). Mеѓународно списание согласно овој конкурс е списание кое има меѓународен уредувачки одбор.


Конкурсот важи за труд објавен во 2016 година и ќе трае од 25 декември 2016 до 24 декември 2017 година. Со конкурсот се предвидува:


Доделување финансиски средства во висина од 30.000,00 денари за 300 научно-истражувачки труда, од кои:
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на природно-математичките науки;
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на техничко-технолошките науки;
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на медицински науки и здравство;
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на биотехничките науки;
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на општествените науки; и
- 50 научно-истражувачки труда од научното подрачје на хуманистичките науки.

Министерството го задржува правото за дополнителен избор доколку се пријават повеќе од предвидениот број трудови за коишто ќе се доделат одредени средства, како и да додели помал број на еднократни финансиски средства од предвидените.


Во случај на повеќе пријави кои ги исполнуваат условите предвидени со конкурсот се дополнуваат со критериумот од прв автор кон останатите, во случај на повеќе први автори или автори по редослед на објавување се зема во предвид висината на влијанието на факторот на списанието.


Барањето со пропратната документација ја поднесува субјектот регистриран во Централниот регистар на Република Македонија за научно-истражувачка дејност во кој е вработен авторот, односно регистриран самостоен истражувач-автор на домашен научно-истражувачки труд објавен во меѓународно научно списание.

Потребни документи за пријавување на Конкурсот:
-Пополнето барање,
-Копие од објавениот научно-истражувачки труд од домашен автор во меѓународно научно списание со фактор на влијание (импакт фактор),
-Копие од страницата на меѓународното научно списание каде е наведен насловот, годината и бројот на списанието; уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен научно-истражувачкиот труд,
- Официјален документ, потврда за висината на факторот на влијание  (импакт факторот, според  Thomson Reuters)  за меѓународното научно списание за  2015 година и
- Копие од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на установата односно самостојниот истражувач, или изјава поднесена од установта односно самостојниот истражувач.

Неправилно пополнета или некомплетна пријава со документи, нема да се разгледуваат.
Еднократните финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

Документите по основ на конкурсот во 3 примероци со назнака „Конкурс за објавен труд со фактор на влијание„ да се достават на адреса или во писарницата на:
Министерство за образование и наука
Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.54 1000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука
Контакт лице: Александар Петров телефон  02/3140-187 и
e-mail: aleksandar.petrov@mon.gov.mk, канцеларија 1412
и Олга Дуковска Атов телефон 02/3140-185 и
e-mail: оlga.dukovska@mon.gov.mk, канцеларија 1410
 
Објавено на 28.12.2016 во категорија Конкурси
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Конкурси