Оглас за вработување: Координатор за членство и управување

Оглас за вработување: Координатор за членство и управување

zeni

 

Краен рок: 11 јануари 2017 година
Отворен за: Сите посветени на правата на жените и еднаквоста помеѓу жените и мажите
Плата: Бруто плата од 2700 евра месечно


Европското женско лоби е најголемата организација на здруженијата на жени во Европската унија, која под неа има околу 2.000 групи за жените.

Потребни квалификации


- Одлични организациски и менаџментски вештини и вештини за управување со проекти;
- Силни комуникациски и интерперсонални вештини;
- Способност за самостојно работење како и тимска работа;
- Познавањето на говорен и пишуван англиски јазик е најважно (потребно ниво: Ц1)
- Солидни ИТ вештини вклучувајќи управување со база, MS Excel, Outlook и Word, телеконференсиски системи;
- Користење на онлајн комуникација и социјални медиуми;
- Најмалку три години релевантно искуство.

Како да аплицирате?

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат апликација на  jobs@localknowledge.be, во која ќе бидат вклучени следните документи:

- CV со релевантното искуство и соодветните квалификации (2 страници максимум);
- Кратко мотивациско писмо (една страна максимум) во кое ја објаснувате вашата мотивација и експертиза, а предметот на меилот треба да гласи: Application for Membership and Governance Coordinator заедно со вашето име во продолжение.

За повеќе информации, упатете се на нивната официјална веб страна.

 

Тука можете подетално да ги прочитате потребните квалификации и описот на работното место.