Платено практикантство во Црвен Крст во Женева

Платено практикантство во Црвен Крст во Женева

пракса

 

Краен рок: 10 јануари 2017

Отворен за: кандидати со магистратура и интерес во хуманитарни активности
Надоместок: Едногодишен договор

Опис

Секоја година, илјадници членови на голем број семејства се разделени со миграцијата, конфликтите или природните непогоди. Луѓето ужасно страдаат кога ќе изгубат контакт со своите најблиски и не знаат каде се и дали се безбедни.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст и националните друштва на Црвениот крст работат заедно за да ги лоцираат луѓето, да го одржуваат и обноват контактот меѓу членовите на семејствата, да ги обединат оние кои се разделиле со своите семејства и да ја разјаснат судбината на оние кои се водат како исчезнати.

Основни одговорности:

- Комуникација со јавноста поврзана со RFL & MISSING документите;
- Истражување и пишување на тематските пишувања за овие документи;
- Работење во единицата RFL/MISSING

Квалификации

- Магистратура (идеално би било да биде од полето на комуникации, дигитална комуникација, општествени науки, право, политички науки, меѓународни однос и/или магистратура за хуманитарни акции);
- Способност да се работи со документи во кратки рокови;
- Искуство и вештини за управување со информации особено за интернет/интранет/екстранет цели;
- Претходно искуство со Црвен Крст или некои меѓународни организации или невладини организации;
- Способности за истражување и пишување, со фокус на инвестиции во долгорочен проект;
- Искуство во планирање и организација на настани, особено во мулти-културна средина;
- Одлично познавање на англиски јазик, усно и писмено (предност е и познавање на француски и шпански);
- Тимски работник со добри интерперсонални и комуникациски вештини;
- Интерес за хуманитарни акции;
- Одлични вештини за пишување;
- Способност за јасна и концизна комуникација (писмено и усно)
- Одлично ниво за автономија и менаџирање на времето;
- Напреден корисник на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint)
- Максимално професионално искуство (вклучувајќи пракси/стажирања) од две години.

Надомест и бенефиции

Регрутираните кандидати ќе добијат едногодишен договор;
Позицијата е за работа во Женева.

Како да аплицирате?

Заинтересираните кандидати треба да испратат целосна апликација вклучувајќи CV и мотивациско писмо на fdesgrais@icrc.org и spahud@icrc.org. Нецелосните апликации нема да бидат разгледани.

За повеќе информации посетете ја нивната официјална веб страна.