Министерство за економија објавува...
Влада на Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
во соработка со
ЦЕФТА СЕКРЕТАРИЈАТ БРИСЕЛ
ОБЈАВУВА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА
ДИРЕКТОР НА ЦЕФТА СЕКРЕТАРИЈАТОТ, БРИСЕЛ, КРАЛСТВОТО БЕЛГИЈА
Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) е модерен и сеопфатен
регионален договор за слободна трговија, создаден како составен дел на агендата за предпристапување.
Тој обезбедува силна правна основа за формулирање на политиките и примена
на клучните области поврзани со трговија и инвестиции. Успешното спроведување на
договорот во тек со целосна либерализација на трговијата со стоки значително придонесе за
создавање на зона на слободна трговија во Југоисточна Европа. ЦЕФТА Страните се соглаеија
на амбициозна агенда за натамошен придонес на економскиот раст.
Секретаријатот на ЦЕФТА 2006 е основан во Брисел, Белгија, во септември 2008 година, во
согласност со член 40. 2 од Договорот. Целокупната улога на Секретаријатот е да обезбеди
техничка и
административна поддршка на Мешовитиот комитет, претседавачот со ЦЕФТА и
секое тело основано од страна на Мешовитиот комитет.
Посебно назначената Комисија за избор сега бара аплицирање за позицијата директор.
Детален опис на работното место и образецот за апликација се достапни на:
http://cefta.int/contact/vacancy/
Соодветните апликанти ги вклучуваат државните/јавните службеници од државната
администрација и персонал од меѓународните организации, приватниот сектор и граѓанското
општество. На успешниот кандидат ќе се понуди конкурентен договор од ЦЕФТА Секретаријатот.
Заинтересираните кандидати треба да испратат писмо и пополнет образец за апликација
(двете на англиски јазик) на:
http://cefta.int/contact/vacancy/
Крајниот рок за прием на апликациите е петок 10 февруари (на полноќ) 2017 година. Само
кандидатите од потесната листа ќе бидат контактирани за интервју.
Министерството за економија известува дека текстот на македонски јазик заради
запознавање на заинтересираните апликанти со содржината на огласот, описот на работното
место и формуларот за апликација се достапни на
веб страната на министерството за
економија: