Предизвик: Дали можете да го решите случајот врз основа на една слика?

Предизвик: Дали можете да го решите случајот врз основа на една слика?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Замислете дека сте полициски инспектор и дека треба да решите детективска мистерија.

 

slucaj


Инспекторот Варнике бил на должност во текот на божиќните празници и добил повик утрото на Божиќ. Кога заѕвонил на вратата, му отворил поспаниот сопственик на станот.

„Морам внимателно да го прегледам вашиот стан. Вашиот сосед рече дека вчера, вечерта пред Божиќ дошол кај вас на забава. И додека пеел песни со вашето семејство, покрај вашата елка, на која светеле сијалички во разни бои, вие сте влегле во неговиот стан и сте украле вредни работи“, му рекол инспекторот на сопственикот на станот.

Овој му одговорил: „Тоа не е вистина. Нашето семејство ја славеше вечерта кај пријатели. Отидовме кај нив после пладне. Едвај стигнав да ја накитам елката пред да одиме. Дома се вративме после полноќ и веднаш отидовме на спиење. Доколку сакате, можам да ги разбудам мојата сопруга и мојот син, па ќе ви го потврдат она што ви го кажав“.

„Нема потреба за тоа“, рекол Варнике. „Јасно ми е дека вашиот сосед лажеше“, додал тој.

Како инспекторот Варнике успеал да го реши случајот толку брзо?

Одговорот е под фотографијата.

 

slucaj


На сијаличките им недостасува една сијаличка, без која ниту една нема да свети. Сопственикот рече дека во брзање ја накитил елката, што значи не успеал да провери дали светат или не. Соседот ова не го знаел, па излажал дека пеел покрај елка со сијалички во разни бои.