Што магичните печурки може да му предизвикаат на мозокот?

Што магичните печурки може да му предизвикаат на мозокот?

Подготвил: Светлана Петковска

Неколку студии вклучувајќи и две ветувачки клинички испитувања, укажуваат на тоа дека псилоцибин, психоактивната состојка која се наоѓа во магичните печурки може да има потенцијал да помогнат во ублажување на анксиозноста и депресијата, пренесува „Businessinsider“

Сепак, затоа што тие се класифицирани како „Прилог 1“, што значи дека тие имаат „не прифатена медицинска употреба“ и се незаконски прави да биде прилично тешко за научниците да расветлат што тие можат и не можат да направат.


магични печурки


Еве неколку од начините за кои со сигурност знаеме дека печурките може да влијаат на мозокот и на  телото. Според Националниот Институт за злоупотреба на дрога, магичните печурки може да поттикнат чувство на релаксација, кое е слично на чувството од ефектите на ниските дози на марихуана. Како и другите халуциногени дроги, како што се „LSD“  или пејотл, за печурките се смета дека произведуваат повеќе од нивните ефекти преку дејствување на нервните патишта во мозокот кои за тоа го користат невротрансмитерот серотонин, според заклучоците до кои дојде Националниот институт за злоупотреба на дрога.

Поконкретно, магичните печурки влијаат на префронталниот кортекс на мозокот, дел од мозокот кој го регулира апстрактно мислење, анализа на мислата и игра клучна улога во расположението и перцепцијата.

Тие исто така може да предизвикаат халуцинација

Многу корисници ги опишуваат нештата како гледање на звуци и слушање на бои. Студија направена во 2014 година беше една од првите што го припиша овој ефект на начинот на кој псилоцибинот влијае на комуникацијата преку мозочните мрежи.

Кај луѓето кај кои било вбризгано 2 милиграми на дрога, истражувачите виделе нова, посилна активност низ неколку региони во мозокот кои нормално ретко или воопшто не се впуштаат во такви „крос-разговори“.

Овие халуцинации може да бидат клучот за разбирање на тоа како печурките може да помогнат во ублажување на депресијата

Неврологот од Кралскиот Колеџ во Лондон, кој е автор на студијата од 2012 година за псилоцибин утврдил дека дошло до промени во структурата на активноста на мозокот на луѓето кои биле под дејство на дрога. Додека некои области станале поизразени, а други биле пригушени вклучително се сметало дека и еден регион од мозокот игра улога во одржување на нашите чувства за себеси.

„Мозокот на луѓето кои се впуштаат во депресивно размислување е повеќе поврзан од вообичаеното“- изјавил Нат. Но, олабавувањето на тие врски и создавање на нови, како што размислувањето продолжува може да обезбеди интензивно олеснување.

Петгодишна студија за дрогата укажува на тоа може дека магичните печурки може да функционираат „како хируршка интервенција" за менталните болести. Резултатите од две контролирани клинички испитувања за влијанието на псилоцибин на пациентите кои се справуваат со депресија поврзана со соочувањето за крајот на животот укажува на тоа дека една доза од лекот еден ден би можел да биде моќна алатка за лекување на депресија и анкциозност.

Првото испитување било направено од страна на истражувачите од Универзитетот Џонс Хопкинс, а другите од истражувачите на Универзитетот во Њујорк.

Шест месеци по искуството, 80 проценти од учесниците од Џонс Хопкинс покажале значително намалување на симптомите на депресија и анкциозност, што било измерено со она што се смета за златен стандард во психијатриското испитување. Тимот на Универзитетот во Њујорк, вели дека помеѓу 60 и 80 проценти од учесниците имале слична намалена анксиозност и депресија 6,5 месеци по едно психоделично патување.  

Студија од Њујорк анализирала како дрогата може да влијае врз пациентите со рак со тешка анкциозност, а истражувачите ги набљудувале ефектите од псилоцибинот врз волонтерите кои примиле или доза на псилоцибин во форма на таблета или плацебо. 


халуцинации


Еден од учесниците во 2014 година рекол дека ова искуство било емоционално патување кое му помогнало да види сила поголема од него самиот. „Нешто во мене се случи и сфатив дека мојата анкциозност, одбрана и несигурност не беа нешто за кое треба да се грижам“.

Но исто така може да се чувствуваат анкциозни, барем додека се врз дејство на печурката.

Во голем број во извештајот од студијата на Универзитетот Њујорк, учесниците пријавиле дека доживуваат интензивен страв и непријатност што траел од неколку минути до неколку часа за време на нивното патување. Тоа било веднаш потоа откако некои рекле дека почнале да чувствуваат чувство на олеснување, а ова искуство може да се разликува значително за секој човек.

Зголемување на нивото на серотонин може да биде резултат на користењето на печурките

И чувството за време може да биде искривено


Чувството дека времето може да се забави е еден од несаканите ефекти на користење на магични печурки, според Институтот.

Може да имате чувство дека сте надвор од телото

Печурките може да предизвикаат искуства кои се чинат вистински, но не се. Овие типови на искусување на чувство надвор од телото, во кој корисниците може да набљудуваат верзија на себеси, обично започнува 20 до 90 минути по инјектирање на лекот и може да трае до 12 часа, според Националниот институт за злоупотреба на дрога. Искуствата може да се разликуваат во зависност од тоа колкава доза ќе консумирате, како и од страна на вашата личност, расположение, па дури и од вашата околина.
 
И може да се чувствувате поотворени или имагинативни

Откако Џонс Хопкинс предизвикале доживување на искуства надвор од телото врз една мала група на здрави доброволци кои ги дозирале со псилоцибин, учесниците рекле дека се чувствуваат повеќе отворени, повеќе имагинативнии и многу повеќе ја ценеле убавината.

Кога научниците ги следеле волонтерите година подоцна речиси две третини кажале дека искуството било еден од најважните во нивните животи, приближно половина продолжиле да постигнуваат повисоки резултати на тестовите за личноста за отвореност, во споредба од порано пред да го земаат лекот.
SaveSaveSave