Филмовите со најголема заработка за 2016 година

Филмовите со најголема заработка за 2016 година

Подготвил: Маја Пероска

Дури 4 најуспешни филмови во 2016 година доаѓаат од продукциската куќа Buena Vista, односно од гигантот Волт Дизни.


На прво место се наоѓа третиот филм од серијалот, „Капетан Америка: Граѓанска војна“. На второ место е анимираниот филм „Барајќи ја Дори“, а зад нив е уште еден анимиран успешен филм - „Zootropolis“.

Ова се воедно и единствените филмови кои во 2016 година ја преминаа магичната граница на една милијарда заработени долари.

Четврти е „Книга за џунглата“, петти „Тајната на животот на домашни миленици“, додека на шесто место е филмот „Бетмен против Супермен“.

Седмиот филм со најголема заработувачка во 2016 година е  „2Dedpul ", додека осмиот е „Suicide squad“. На деветто место е „Фантастичните ѕверки и како да ги пронајдете“ кој неодамна беше премиерно прикажан и се очекува понатаму да се искачи на оваа листа.

Последен е Марвеловиот филм „Доктор Странец“.

Оваа листа сериозно ќе влијае на „Rogue One: Star Wars story“, кој се најавува како најдобар филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ од оригиналниот филм на Џорџ Лукас.