Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Најпопуларната апликација прислушкува дури и кога не го користите телефонот

 
Корисниците на „Facebook Messenger“ би требало да знаат дека оваа апликација може да ги прислушкува дури и кога не го користат телефонот.


Имено, во условите за користење јасно стои дека „Facebook Messenger“ може да го користи микрофонот на телефонот за снимање, камерата за фотографирање, а корисниците на тоа се согласуваат штом ќе кликнат дека се согласност со условите за користење со цел да ја инсталираат апликацијата.

 Освен споменатото, апликацијата би можела и да ја „чита“ вашата историја на повици, листата на контакти, но и директно да врти на броеви без ваше знаење, бидејќи вие сте дале дозвола за тоа веднаш откако сте ја инсталирале. Оваа апликација по мислењето на експертите за безбедност најмногу ја загрозува приватноста на корисниците.

За потсетување, апликацијата има повеќе од милијарда активни корисници.
 
Објавено на 03.01.2017 во категорија Технологија
Подготвил: Маја Пероска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook