Во Франција повеќе нема проверка на меилови надвор од работното време

Во Франција повеќе нема проверка на меилови надвор од работното време

Подготвил: Тамара Гроздановски

Од 01 јануари, работниците во Франција повеќе не се обврзани да ги проверуваат нивните меилови надвор од работното време, во рамките на новиот закон за вработување. Компаниите повеќе нема да можат да преговараат за упадот во приватниот живот на вработените.

 

francija


Новата законска регулатива влезе во сила од 1 јануари, која од француските компании бараат да гаратираат дека на нивните работници ќе им го овозможат „правото да се исклучат“ од стресот на работа.

Мерката има за цел да се справи со таканаречената „секогаш онлајн“ работна култура со која милион работници ја носат работата и во нивниот дом, што доведува до исцрпеност и посериозни ментални здравствени проблеми.

Од 1 јануари, организациите со повеќе од 50 работници ќе треба да започнат со преговори за дефинирање на правата на вработените со кои ќе можат да ги „игнорираат“ нивните паметни телефони и со кои нема да бидат принудени да ги проверат меиловите и да испрата пораки за време на викендите и вечерните часови. Во некои случаи, меиловите автоматски ќе се бришат ако работникот е на одмор.

Министерката за труд, Мирјам Ел Кхомри одобри извештај пред воведувањето на мерката која предупреди за влијанието врз здравјето на таканаречената „инфо-дебелина“ која зафаќа многу работни места.

Повеќе од третина од француските работници ги користат нивните уреди за проверка на меиловите надвор од работните часа.

Новата мерка на Франција беше поздравена од голем број синдикати и компании, вклучувајќи го и нуклеарниот гигант „Areva“ и осигурителната компанија „Аха“, кои веќе преземаат чекори во врска со овој тренд. Некои синдикати се лути бидејќи новиот закон не вклучува казни за компаниите кои нема да успеат да ја применат мерката.

Некои експерти за човечки ресурси изразуваат надеж дека работниците ќе ја задржат флексибилноста која ја нуди модерната технологија, како на пример можноста да ги проверат меиловите додека го користат јавниот превоз за да стигнат до работа.